Советникот од редовите на Левица – Гевгелија, Сашко Јанчев, денес поднесе иницијатива за ставање точка на дневен ред со која се предвидува огласите за вработување во општинската администрација и во јавните служби основани од Општината да се објавуваат и на веб и ФБ страната на Општина Гевгелија.
Дополнително во иницијативата се предвидува и секоја намера за склучување на договор за дело да се објавува на веб и ФБ страната на Општина Гевгелија.
Целта на оваа иницијатива е да се намали можноста за клиентелизам, конкретно за партиски вработувања, кои се рак рана на македонското општество и на Македонија во целост.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ГЕВГЕЛИЈА
13.06.2022г.