Тимот од владини мегафони – параван за бугаризација на Македонија

левица црвено

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Министерството за правда конечно ги објави имињата на членовите на т.н. работната група која ќе
ја подготви предлог иницијативата за промена на Уставот, чиј предлагач е Владата. Групата ја
сочинуваат лица кои за цело време на катастрофалното владеење на СДСМ и ДУИ во јавноста
имаа улога на владини мегафони во воспевање на оваа анти-македонска власт.

Дури три имиња на оваа листа од овој владин тим се лица од тефтерот на „кацарска судството“, кои како вршители на највисоки функции се и најодговорни за екстермно ниската доверба во судството од страна на граѓаните. Двајца се и поранешни претседатели на Уставен суд, Сали Мурати, кој без никаква оправданост и образложение им ги зголеми платите на судиите и Бранко Наумовски, татко на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров од редовите на СДСМ, Александар Наумовски. Во друштвото судии за промена на Уставот е уште и озлогласената судијка од истото тефтерче, Цаца Николовска.

343074534 765248301668210 2384139042837170545 n

Од останатите т.н. експерти се и дежурниот дебатер по телевизии како апологет на СДС и ДУИ, Јетон Шасивари, потоа, на јавноста познатата Ана „НАСА“ Чупеска, Беса Арифи, сестра на поранешната градоначалничка од редовите на ДУИ во Тетово, Теута Арифи. Потоа долгогодишниот соработник на Љубомир Фрчковски, Елена Михајлова Стратилати, Јагода Митревска од универзитетот во Св. Николе, кој се ребрендираше во согласност со својот бугарски партнер, како и Марија Пандевска која во јавноста го злоупотреби Институтот за национална историја (ИНИ) и од која неодамна се оградија и нејзинте колеги од истиот институт.

Очигледно е дека Владата на СДСМ и ДУИ немаат поддршка од стручната и интелектуална фела на Македонија, па морале да соберат штабски бижутерија интелектуалци и само-прогласени стручњаци кои ќе послужат како параван за оправдување и релативизирање на процесот на бугаризација на Македонија со внесување на бугарите во Уставот.

Тенденцијата и намерата на Владата со оваа група е јасна и од фактот дека понудените личности како „експертите“ од оваа листа, во јавноста досега се без ниту еден критички осврт за погубните политики на СДСМ и ДУИ, чии последици секојдневно народот ги чувствува на свој грб: инфлација, уништен здравствен систем, масовни селења, улични вооружени пресметки и убиства, бегства од затвор, руинирано судство и образование.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

25.04.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ