Тупанчески молчи за организираната параполиција на СДС за Илинден

левица бело

Скандалозен е молкот и немањето реакција на министерот за правда, Никола Тупанчески, за насилничкото и противуставно организирање на затворската полиција, заради штитење на врхушката на СДС. Левица денес објавува уште двајца припадници на затворска полиција од КПУ Идризово, кои надвор од законските овластувања, даваа насоки на полицајците при инцидентите на илинденската манифестација.

298559563 630573148425753 8189375041499862791 n

Се работи за Драган Ѓуриќ и Љупчо Кузмановски, кои се заеднички сликани со директорот на затворот на Шутка, Филип Андонов, за кого Левица претходно побара одговорност.

298594568 630573151759086 7731962884108619985 n

Ваквото координирано и заедничко делување на затворската полиција укажува на тоа дека се работи за организирана акција од директорите на казнено-поправните установи, а по директива на окупационата влада на СДС.

До кога министерот Тупанчески ќе го штити незаконското и насилничко делување на директорот на затворот во Шутка – Филип Андонов и директорот на КПУ Идризово – Шпенд Тахири, кои затворската полиција ја претворија во параполициска банда која малтретира обични граѓани?

До кога министерот Тупанчески ќе ги толерира манипулациите на директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски – според кого немало организирано делување на затворската полиција, спротивно на фактите изнесени во јавноста?

Правниот сектор на Левица подготви соодветни претставки и тужби против сите лица за кои има сознанија дека биле дел од ваквата насилничка структура и ќе побара нивно санкционирање.

Очигледно е дека и новиот кадар на СДС, како што беше презентиран Тупанчески, нема капацитет да излезе од антидржавното и бандитското делување на оваа партија, која државата и нејзините институции ги уништи и претвори во партиска сопственост!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

09.08.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ