Ветуваа монтажни паркиралишта со најмалку 300 паркинг места, а поставија рампи за наплата!

Левица Свети Николе Паркинг

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски, во својата предизборна програма вети најмалку 300 нови паркинг места, кои ќе бидат обезбедени со монтажни паркиралишта во централното градско подрачје како и поплочување на дел од речното корито. Ветување кое требаше да биде исполнето во 2020 година.

Наместо исполнување на ова ветување, светиниколчани не само што не добија нови паркинг места, туку и започна изградба на рампи за наплаќање паркинг на постоечките паркинг места!

Со оваа постапка локалните власти не нудат никакво решение за сообраќајниот метеж, напротив, наметнуваат нова непотребна давачка за граѓаните во Општината, поставувајќи го сопствениот интерес пред интересот на заедницата.

Немањето слух за проблемите, безидејност во постапките, некреативност во решенијата и празните ветувањаа остануваат главна карактеристика на властодршците во Општината.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО СВЕТИ НИКОЛЕ
02 април, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ