(Видео) Кираџиева: Жените се како мерило за прогресот на едно општество

кираџиева весна kiradjieva

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

„Феминист: личност која верува во социјална, политичка и економска еднаквост на половите (маж и жена). Феминизмот стана непопуларен збор, воглавно благодарение на ‘либтард феминизмот’ – често мешан со мразење на мажите, што е апсолутно неточно.

Потребна е сечија вклученост во борбата за еднакви можности на жените и мажите, секако со активна вклученост и на мажите. Низок е интересот на мажите да се појават на дискусии за рамноправност, комисии, обуки – мора да се чувствуваат добредојдени – мажи, добродојдени сте, сметајте го ова за отворена покана.

Улогата на мажот – татко и стереотипите: општеството гледа на оваа негова улога со предрасуди иако секое дете му треба подеднакво и таткова грижа, љубов и емпатија – но општеството го квалификува како „папучар“! Со овие стереотипи, украдено е и вашето право за еднаквост во улогата во домот – кога мажите ќе се ослободат од овие стереотипи, ќе се ослободат и жените последователо.

И мажите и жените треба да се чувствуваат комотно да се чувствителни – и мажите и жените треба да се чувствуваат комотно да се силни. СИЛНА жена со цврсти ставови не е агресивност и анти мажи.

Статстиките – бројките не лежат. Само пет министерки од дваесет министерски позиции; ниту една жена претседател, ниту премиерка од осамостојување на Македонија до денес. Само две градоначалнички на локалните избори 2021, од 81 градоначалник на територија на Македонија денес.

Често, не само мажите, туку и жените велат, Да, може повеќе жени во политика (на раководни позиции), ама АКО се квалитетни. Тие критериуми на „ако“, не се поставуваат за мажи, тие по дифолт влегуваат и се сметаат квалитетни. Но бројките велат дека онаму каде нема законски квоти за процент на жени на раководни позиции, жените се вклучени во едвај 1-2 проценти.

Сиромаштија потекнува од недоволно образование, нееднаква можност при вработување, слаба финансиска моќ и независност на жената, која доведува до финансиска зависност од мажот, што резултира со премолчување и толерирање семејно насилиство.

Она што требаше да претставува еманципација на жените од домашната работа и патријархалното семејство се претвори во двојна угнетеност која сега се одвива и на работното место и во домот.

Маркс и Енгелс, жените во принцип, ги гледале како мерило за општествениот прогрес. Колку жените имаат поеднакви можности со мажите, толку тоа општество бележи подобар прогрес.

Нов Бран Политичарки‘ е еден вид на мини кампања која ја започнав за промоција на нашите „леви-жени“, жените од Левица. Ќе следуваат и посети на ограноците низ Македонија за поголема афирмација на жените и мотивација за политичка активност со активна вклученост на мажите во процесот, но и средби со здруженија и поединки за афирмација на жената, како и остварување на целите согласно деловникот на АФЖ-Л.

Како успешна спортистка, ми се има случувано неретко да ми коментираат, ‘Уште ли ќе трчаш, оди раѓај деца’. Денес, кога навлегувам во политички води, особено на социјалните мрежи, кога немаат противаргументи на моите факти и цврсти ставови, знаат да искоментираат ‘Иди ма трчај и не паламуди’.

Но јас си ја сакам оваа земја и овој народ – знам како и сакам заедно да ја направиме подобро место за живеење за сите Македонци, мажи и жени – заеднички!

Мудри мислители, попаметни од мене рекле: Сѐ што е потребно за злото да триумфира, е добрите мажи и жени да не прават ништо! Јас често го користам овој цитат на Ајнштајн: Лудост е да ги повторуваме истите работи одново и одново, а да очекуваме различен резултат. Да не ги правиме истите грешки, да не гласаме понатаму за истите опции кои се покажале грешни повеќе од 30 години назад. Да не седиме и чекаме промени, да бидеме промените.

Знам дека има храбри левичари и левичарки до мене и со мене – со вас марширавме две недели минатиот јули секој ден, ПРОТИВ УСТАВНИ ИЗМЕНИ! Ќе се бориме и оваа лето по сѐ се чини, само сега уште поизолирани и како ЕДИНСТВЕНА ОПОЗИЦИЈА.

Лани изманипулираа и изблефираа ДПМНЕ – кога опоменувавме дека нѐ продадоа уште тогаш, на тие протести, кога го гушеа отпорот и гневот на народот, не ни веруваа, сега се докажа нашето.

Сега ќе маршираат за широка коалиција и фотелја во власта со предавниците СДС и терористите од УЧК/ДУИ – сега ние маршираме заедно и единствени со народот македонски!

Храбри левичарки и левичари, за оваа храброст – ВИ БЛАГОДАРАМ И ВИ АПЛАУДИРАМ!“

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

19.06.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ