Денес свечено се одржа првата, Конститутивна седница на АФЖ (Антифашистички фронт на жените – Левица) со која го означивме и официјално почетокот на работата на ова ново работно тело на Левица.
Свое обраќање имаше претседателот на Левица, Димитар Апасиев, како и Јована Мојсоска, генерален секретар и член на Президиумот и Весна Кираџиева, раководителка на АФЖ – Левица.
Традицијата на борбата за правата на жените, како изворно вкорената од социјалистичко движење и левиот феминизам, неминовно е поврзана со класната борба и борбата за ослободување на жената. Ова се битки кои мора да се водат паралелно.
АФЖ, има за цел да го разобличува патријархалниот морал и да учествува во борбата против сите облици на дискриминација по било кој основ; да поттикнува лев феминизам, како стожер и никулец на феминизмот генерално.
АФЖ на Левица се бори за еманципација на жените, ослободени од сите религиозни стеги, догматски фундаментализми, злоупотреби на верските чувства, културната заостанатост, предрасудите и стереотипите, како и да го промовира политичкото и економското јакнење на жените, социјалното вклучување на жените од руралните средини и маргинализираните и ранливите групи.
Традицијата на Народно-ослободителната војна против фашизмот, која гордо ја носиме и инспирацијата која оваа традиција ни ја дава, ние, како жени Македонки, силно застануваме во одбрана на македонските национални интереси и правото на самоопределување на македонскиот народ!
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – АФЖ
18.06.2023