Директорот Алексијоски манипулираше дека нема загадување во Охридско Езеро

левица охрид охридско езеро загадување

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Ја информираме јавноста дека денес добивме одговор од Инспекторатот за животна средина во врска со претходно поднесената Иницијатива од наша страна за вршење вонреден инспекциски надзор поради загадување и уништување на животната средина, преку испуштање фекалии од колекторскиот систем во Охридското Езеро.

Во одговорот се констатира дека на одредени места постои загадување на животната средина и Охридското Езеро преку мешање на атмосферска вода со фекална отпадна вода, која се влева директно во водите на езерото, а воедно се посочува и намалена функционалност на колекторскиот систем.

Оваа констатирана ситуација во одговорот од Инспекторатот е во спротивност со тврдењата на директорот на Јавното претпријатие, Владимир Алексијоски, поставен од локалната власт на СДСМ, кој тврдеше дека наводно контролата покажала дека нема излевање на фекалии во водите на езерото, ниту дека нема големи отстапувања од функционирањето на колекторскиот систем.

Констатираната ситуација ја разобличува и локалната изборната програма на власта, во која пред граѓаните се обврзуваа и ветуваа навремено чистење на каналите, санација и ревитализација на колекторскиот систем стар четири децении, со цел заштита на Охридското езеро кое е пред губење на Унеско-статусот.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ