Левица Аеродром: Загрижени родители реагираа за отстранување на три буриња со токсична супстанца во близина на детско игралиште во Ново Лисиче

Левица Аеродром канцероген токсичен парк

Загрижени родители, кои затекнале три црни буриња со токсична супстанца Flexilon 1118, жестоко реагираа на социјалните мрежи, со оглед на тоа што овие буриња беа оставени во близина на новото детско игралиште. Оваа супстанца се користи како врзивно средство при инсталација на подлоги од отпадна гума – онаа подлога на игралиштето, за чија намена и било употребено лепилото!

Оваа супстанца може да предизвика иритација и алергиски реакции на кожа и очи, штетна е доколку се вдише, може да предизвика алергии, или симптоми на астма, може да предизвика респираторна иритација, суспектна е за предизвикување рак и може да предизвика оштетување на органи при подолготрајна изложеност!

Сега, откако по бурните реакции, бурињата се отстранети, она што и понатаму загрижува, е колку материјалите кои се користат при изградба на детски игралиште се навистина безбедни!? И дали мора постојано да се реагира на социјални мрежи и по институции, за да Општината, на чело со Златко Марин си ги обавуваат прописно и протоколарно активностите, пред да дојде до посериозни последици по здравјето на нашите деца и сограѓани!?

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО АЕРОДРОМ
10 јуни, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ