Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Власта уфрли провокатори за да апси народ!

Вечерва, окупационата Влада на СДС и ДУИ во целост прикажа како се манипулира и демонстрира насилство врз обичниот народ!

Министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовски, очигледно, го оствари своето црно сценарио дека ќе се случат радикални сцени – само за да апсат невини луѓе низ Жена парк.
Негрижејќи се ниту за граѓаните, ниту за полицијата, Спасовски ги изложи сите во опасност – само за да ги прикаже десетиците илјади освестени граѓани, кои достоинствено протестираат, како насилници!

Левица претходно, по добиени инсајдерски информации од свиркачи во МВР, предупреди дека власта вечерва ќе уфрли провокатори со фантомки, со цел масовно да се апсат граѓани и да се амортизира револтот кај народот.

И покрај лошите временски услови, илјадници граѓани денес маршираа против новото национално предавство на корумпираната СДС и терористичката ДУИ и против наметнатата присилна бугаризација на Македонија!

Тоталитарниот профашистички режим се обидува да ја инструментализира полицијата против сопствениот народ, само за да го спасат неизбежниот пад од власт.

Не ви се плашиме!

Се гледаме на барикадите!

Народот е решен да оди до крај!

Продолжуваме и утре, се до конечниот пад на овој ненароден хибриден режим!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

05.07.2022г.

 

Најнови објави