Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

ДПМНЕ го уништи легитимитетот на Советот на Општина Кавадарци

Со паушално гласање на контрадикторни одлуки, апсолутното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ целосно го разнебитнува Советот на Општина Кавадарци како одлучувачки орган во локалната власт!

Поддржаните иницијативи кои биле изгласани ЗА, по неколку месеци се поништуваат со нови одлуки, а ова најлесно се забележува со поскапувањето на водата за пиење, комуналните услуги и цената на надоместокот кој го плаќаат родителите за престој и исхрана на децата во градинките!

Потсетуваме дека иницијативата на Левица и Советникот Круме Богевски за бесплатни градинки во Кавадарци беше поддржана од сите членови на Советот, за на вчерашната седница ВМРО-ДПМНЕ да изгласа одлука со која го зголемува надоместокот на 2000 денари!

Апелираме на поголема внимателност и доследност во гласањето на одлуките во Советот на Општина Кавадарци!

Нашата борба продолжува!

#ОпштинитеЗаНародот
#ЛевицаОдСоветите

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
01.10.2022

Најнови објави