(Видео) Анти-работничка, анти-европска и анти-македонска влада на ДУИ и СДС

Апасиев собрание

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Претседателот на Левица – проф. Димитар Апасиев со вечерен говор во Собранието на РМ (по повод владината реконструкција):

„Од експозето на октроираниот премиер Ковачевски може да се издвои само една вистина, а тоа е дека опозицијата ја предводи Левица, додека јавноста пробува да ја убеди дека новите 64 пратеници во владејачкото мнозинство се подобри од претходните 64!?

Вие сте анти-работничка, анти-европска и анти-македонска Влада!

Во ваше време класната раслоеност доаѓа до невидени размери, бидејќи дејствувате со десничарска неолиберална економска политика. Спротивно на мантрата за “европеизмот”, вашата социјалдемократска влада нѐ изолираше од практиката на европските држави за прогресивен данок.

Наместо европска, ние со вас имаме арамиска влада, во која се сконцентрирани богаташите и милионерите кои меѓусебно си ги штитат интересите и поради чија корупција и непотизам младите ја напуштаат државата.

Но, за среќа, вашите денови во политиката се одбројани!“

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

27.02.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ