(Видео) Македонскиот народ и Левица не ви се плашат од празните закани за војна

333122422_1566277630502861_5251426627640350124_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

*Обраќање на Борислав Крмов за скандалозната колумна на функционерот на Алијанса за Албанцитe, Арбен Фетаи. На почетокот на својот говор, повторно Крмов побара премиерот Димитар Ковачевски да се врати во собраниската сала во која не беше присутен.

„Извесен Арбен Фетаи, висок функционер од Алијанса за Албанците, во колумна зборува за македонски енклави во современа македонската држава, кои го нарушувале албанскиот територијален континуитет и според него, ни требало нова чисто етничка организација на општините?!

Никој од власта не ја демантираше оваа скандалозна колумна, затоа што не може да излеземе од таа матрица на политичко насилие и закани! Не може партиите со албански етнички предзнак да се прават поголемо ДУИ од ДУИ, наместо да борат против ДУИ со социјални прашања.

Вие требаше да сфатите дека ваш непријател е ДУИ и да се обедините, наместо да се кошкате во Парламент со Левица за ситни политички поени, но затоа, сега сте декласирани. Сега, за разлика од претходните 20 години, ќе бидете прозивани секогаш кога ќе покажите анти-државничко однесување, како колумната на извесниот Фетаи.

И ќе ви порачам дека ниту македонскиот народ, ниту ние ви се плашиме од радикализации. Ако сакате, почнете уште утре. НИКОЈ НЕ ВИ СЕ ПЛАШИ!”

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

02.03.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ