(Видео) Мециновиќ: Во ЈСП се кршат работничките права – ДПМНЕ и СДС го саботираат јавниот превоз

Амар

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

  • (Обраќање на советникот од Левица во Советот на Град Скопје – Амар Мециновиќ во однос на состојбата со ЈСП)

„Ќе ги потсетам советниците од СДС дека тие се дел од Владата со ДУИ (иако се помал коалиционен партнер) и може да апелираат до Владата да го исплати долгот кој две години го должи на ЈСП.

Во однос на ЈСП, јас ќе набројам ТРИ клучни начела на Левица кои ги застапуваше во овој Совет. Прво, ние поддржуваме раксрстување со приватниот интерес.

Второ начело е окрупнување на капацитетите на ЈСП, каде очигледно е дека требаат нови автобуси затоа што цело Скопје користи јавен превоз. И СДС и ДПМНЕ, кои заедно се власт во овој Совет, не дозволуваат да се окрупнат капацитетите, каде здружено се против одлуката за набавка на НОВИ автобуси!

И третото главно начело е дека Левица, од почетокот на својот мандат, се бори против договорите на дело. Овие договори продолжија, за на 1 ноември да не им бидат продолжени 50 договори на работници во ЈСП и да бидат избркани како кучиња! И ние во континутет гледаме грубо прекршување на работничките права и работничките услови во ова претпријатие се на едно мизерно ниво.”

14.11.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ