(Видео) Ванковска: Не мора да ја вадам Македонија од НАТО – НАТО се распаѓа!

ванковска

Исечок од гостувањето на кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Билјана Ванковска за поткастот Плусинфо:

„Рековте дека јас ако станам Претседател ќе ја извадам Македонија од НАТО? Јас не морам да ја вадам, Трамп ќе ја извади затоа што ќе го распушти НАТО!

Имаме ли ние свест за својот национален интерес, тоа ме интересира? Зошто даваме помош за продолжување на војната во Украина во која до сега загинаа половина милион луѓе? Мојата заложба и како човек и како интелектуалец и како професор и како политичар е идентична!

Нам ни треба дипломатија, нам ни треба прекин на огнот! И во Украина и во Газа. Постои општа приказна “нова студена војна, а ние да сме со добрите дечки во НАТО, а сите други не чинат“, но ако тргнеме така, што викаше Ганди „око за око – заб за заб, а на крај сите слепи ќе останеме!“

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
14.02.2024

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ