(Видео) Апасиев: Ослободени се приведените активисти, Левица ќе ги покрие сите трошоци и парични казни

апасиев инфомакс
  • Изјава на претседателот на Левица – Димитар Апасиев пред полициска станица Беко:

“Тука не постои држава! Партиската полиција на Спасовски се сили на студенти од Црвена Младина, кои се првенци на генерација. Двајца активисти се уапсени од специјалци и донесени во полициска станица Беко. Кога видоа дека народ доаѓа, ги пуштија.

Наместо да ги апсат хоштаплериве од Онкологија, ги апсат децава од Црвена младина. Дојден е адвокат и Левица ќе ги покрие сите трошоци. Веќе народ не им се плаши за ништо!

Јас ќе го прозвам Оливер СПАСОВСКИ на пратенички прашања за како специјалци им се силат на голораки студенти.

Ние одиме до крај – до ПАДОТ на овој хибриден режим!”

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

04.09.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ