„СДСМ ја прекрои владата без легитимитет. Новото парламентарно мнозинство не беше избрано и таму каде што режимите се оправдуваат со ЦЕЛИ (а не со ИЗБОРИ) – тоа се авторитарни режими.
Тие не беа избрани, дури изгубија носители на листа, како Шеќеринска. И новиот владин состав си даде европска цел, која нема да се случи.
Во самата една цел која ја поставија, тоа е европската иднина, јавноста не ги знае позициите на Владата. Иако тоа им е единствената цел, односно европската интеграција. Европската цел нема да се оствари затоа што СДСМ е анти-европска партија по фунцкија.
Ние сè што ќе доведе до туркање на владата ќе го поддржиме. Нашите пратеници ќе се вклучуваат спорадично во овој процес и ќе блокираат таму ккаде што сметаат дека треба да се блокира. Веќе имаме искуство со блокирање од минатото лето, кога пратениците на Левица блокираа за да спречат носење штетни закони со европско знаменце.”
– Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ, во емисијата „Само Вистина”.
20.05.2022г.