Пратениците на Левица на средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина

425408045_961073855375679_355516575732555702_n

Денеска, во Собранието на Република Македонија, претседателот на Левица, Димитар Апасиев и пратеникот Борислав Крмов остварија средба со Амбасадорот на Босна и Херцеговина, Н.Е. Драган Јаќимовиќ.

Во пријателска атмосфера, се разговараше за регионалните предизвици со кои се соочуваме и можноста за зголемена меѓусебната соработка во корист, како на двете држави, така и за регионот во целина.

425431761 961073832042348 4235872509860704386 n

На средбата беше истакнато јакнењето на капацитетот за носење одговорни и решителни одлуки и независна меѓународна политика која ќе одговара на интересите на нашите братски земји и стабилноста на Балканот.

Левица ќе продолжи да работи кон зближување на односите со пријателски држави како Босна и Херцеговина, во духот на искреното партнерство и негово продлабочување во иднина.

425391262 961073962042335 7624643068442248794 n

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ