АФЖ – Левица на средба во Прилеп

393623800_226995210383034_6038198045158618218_n

Минатата недела во Прилеп, имавме одлична прилика за неформална средба и дружба со жените од локалниот огранок на Левица – Прилеп каде заедно продискутираме за предизвиците со кои се соочуваат жените во своето секојдневие, но и политичките предизвици за жените во нашето општество.

Со раководителката на АФЖ – Левица, Весна Кираџиева, тие имаа прилика накратко да разговараат за позициите на жена во политиката, која е сѐ уште маргинилизирана и опкружена со многу стереотипи, особено во помалите заедници и руралните средини, каде сѐ уште владее размислувањето дека „жена не е за политика, тука за дома“.

Жените имаат природно изострени вештини за тоа како да го управуваат своето време и да поставуваат приоритети. Нашата способност да се организираме и да се фокусираме на најважните задачи нѐ прави софистицирани лидери во секоја област. Со повеќе жени на лидерски позиции во организациите и институциите, би значело и значителни подобрувања во истите.

Со нивната вештина во управување, жените овозможуваат подобар квалитет на работа. Тие се посветени на навремено завршување на своите обврски и се трудат да ги зголемат продуктивноста и ефикасноста. Својата способност да креираат и имплементираат важни стратегии ја прават неопходни на масата на одлуките. Ние, како општество, треба да ги зајакнеме и охрабриме да се издигнат и да заземат своето заслужено место.

Жените и девојките кои се дел од Левица, се активен дел од процесите каде што се донесуваат одлуките кои влијаат на партијата и државата. Ние, како партија, ги јакнеме и охрабруваме да се издигнат и да го заземат своето заслужено место. Пред нас претстои долг пат и една од нашите задачи како АФЖ – Л, мора да биде и поголема афирмација на жените во политиката, како и во останатите општествени сфери.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – АФЖ

18.10.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ