Денеска пред Владата, со почеток од 10 часот жителите на селата Средно и Горно Коњари преку протест го изразија своето незадоволство и спремност за борба во нивната децениска голгота со дивите експлоататори на песок на реката Пчиња.
Македонци, Албанци, Бошњаци и Турци од двете села, заедно сплотени ги бранат вечните огништа од бескрупулозните експлоататори и профитери под заштита на власта.
Иако концесиите навидум се сопрени, под превезот на наводно уредување на речното корито, дивиот ископ продолжува, додека полицијата не застанува во заштита на селаните кои рутински се заплашуваат со цел да се обесхрабрат во борбата за заштита на животната средина.
На протестот дадоа поддршка пратеникот од Левица Борислав Крмов, како и портпаролот на партијата Амар Мециновиќ, кои повторно разговараа со народот за овој есенцијален проблем.
Институциите продолжуваат да бидат неми за интересите на граѓаните, додека државниот апарат е ставен единствено во полза на бизнис интересите и спрегите помеѓу криминалот и политиката.
12.09.2023