Гевгеличани, во блиска иднина ви се спрема воведување на зонско паркирање во Гевгелија. Тоа е одлука донесена во време кога Општината беше под контрола на СДС, а нејзино спроведување се токми сега кога Општината е под контрола на ВМРО–ДПМНЕ.
Зонското паркирање никаде и никогаш не било решение за сообраќаен метеж, арно ама е перфектно решение за партиски вработувања.
Во Гевгелија има повеќе локации со сообраќаен метеж, но има повеќе креативни и евтини решенија кои трајно можат да го решат сообраќајниот хаос и без зонско паркирање.
Досегашните локални власти на СДС и ВМРО – ДПМНЕ со необезбедување паркинг места, со затворање на паркинг места и градење на модуларна болница на паркинг место, со дозволување на градежни парцели кои мораше да бидат паркинг места да се градат згради, со поставување на мерна станица на позиција која мораше да биде паркинг место и со проектирање на парк на позиција која по редот на нештата мора да биде паркинг, го направија сообраќајниот метеж во Гевгелија.
И сега го користат тоа да ви подметнат партиско решение за вработување на партиски војници во форма на зонско паркирање.
Поради тоа Левица–Гевгелија во Советот поднесе иницијатива за референдум на кој граѓаните треба да кажат дали сакаат зонско паркирање, наместо да се спроведува одлука донесена во партиски подрум.
Со оглед дека зонското паркирање е повеќе проблем од решение, ставот на Левица е СТОП ЗА ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ!
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
23.06.2023