(Видео) Крмов: Поведението на Џафери ја демонстрира недопирливоста на ДУИ, кои веќе 20 години владеат антиуставно

Борислав Крмов Прес

Крмов: Поведението на Џафери ја демонстрира „недопирливоста“ на ДУИ, кои веќе 20 години владеат антиуставно

Левица ја поднесе против него со поддршка од опозицијата:

„Имено, јас морам да кажам, на еден кукавички начин Џафери избегна соочување со пратениците и вчера добивме допис дека интерпелацијата ни е вратена.

Претседателот Џафери го наведува член 136 од Деловникот, кој е еден општ член, којшто ја регулира материјата ако е прекршен Деловникот. Значи ако е прекршен Деловникот, не прецизира како е прекршен.

И понатаму имаме еден паушален дел каде што претседателот Џафери, вели дека не може оваа Интерпелација да се прифати затоа што не била во согласност со Позитивното право на Република Македонија.

Не знам на што алудира тука претседателот Џафери, најверојатно тоа што се бара кривична одговорност во интерпелацијата, ама претседателот Џафери не може да се поставува на местото на Јавен обвинител па да суди, ниту пак да се постави на местото на Уставниот суд, па да утврдува кои делови од интерпелацијата не биле во согласнот со Уставот и законите.

Значи целта е јасна – да се избегне соочување со аргументите на пратениците, да се одложи интерпелацијата за септември и на тој начин да изгуби на политичка важност.

Ова што претседателот Џафери го прави, значи ние имаме секојдневно кршење на уставот и законите. Правата на одредени пратеници, посебно на пратениците на Левица се ускратени. Тоа е кривично дело казниво по член 353 од Кривичниот законик – Злоупотреба на службена положба и овластување и за тоа претседателот Џафери ќе добие кривична пријава.

Неговото поведение е еден вид демонстрација на недопирливоста на ДУИ, која што трае веќе 20 години и кадешто за политичкиот ентитет ДУИ, не важат ни Уставот ни законите, нивните членови, нивните функционери можат да прават што сакаат, за на крај повторно од нив да зависи Влада и тие политички да се договорат.

Но, Претседателот Џафери мора да знае дека времето полека се менува и мора да внимава со овие опасни преседани да не заврши како неговиот предходник Трајко Вељаноски.“

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ