Безбедноста на учесниците во сообраќајот на последно место на листата на приоритети на Општина Делчево

Левица Делчево

Веќе 30 години дел од црните точки по патиштата низ Општина Делчево остануваат на последно место за решавање на листата на приоритети на локалните власти!

Една од нив е и црната точка на улицата ( R2343) која води кон планината Голак, Манастирот “Св. Богородица Балаклија” и се наоѓа непосредно пред Градски гробишта. Овој патен правец е високо фреквентен и по него секојдневно се движат голем број пешаци , велосипедисти и возачи кои се директно изложени на опасност.

На оваа црна точка патот е широк само 4 метри опколен со провалија длабока околу 5 метри и нема поставено ниту заштитна ограда, банкини, тротоар , обележана велосипедска патека итн. Во изминатите години токму овде се имаат случено и сообраќајни незгоди, кои можеле да се превенираат, доколку се постапувало одговорно и се внимавало на безбедноста на учесниците во сообраќајот. За жал, локалните власти ни ваквите незгоди не ги мотивирале да ја подигнат безбедноста на едно повисоко ниво барем со ставање заштитна ограда, што реално не е голем трошок што општината не би можела да си го дозволи.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ДЕЛЧЕВО
31 мај, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ