Долги години Левица – Карпош, како и жителите на Средно Нерези реагираат за депониите во оваа населба. И покрај реакциите Стефан Богоев, и општинските служби никако да ги исчистат.
Станува збор за депониите покрај реката Вардар, како и на патните правци кон с. Крушопек и Горно Нерези.
Најголем дел од овие депонии се од градежен отпад од хациендите кои секојдневно и неконтролирано се градат во Горно Нерези, а кој со години се депонира на наведените локации.
ЛО Левица – Карпош бара Богоев и службите на Општината веднаш да постапат кон расчистување на депониите во Нерези и другите населени место во Општината, да постави дополнителни корпи за отпадоци, кои речиси ги нема, но и да ги интензивира теренските активности како би се спречило појава на нови депонии.