Талат Џафери ќе потроши 2,5 милиони денари за чистење на собранието

344756453_1445221219555817_8374794413990932087_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

На повидок е уште едно недомаќинско и расипничко трошење на народни пари. Хемиско чистење, перење, пеглање, претапацирање – Талат Џафери го „светнува“ собранието!

Согласно договорите во 2023 година наменети се преку 2.442.600,00 денари народни пари за:

– хемиско чистење и перење на персиски килими, машински килими, теписони, фотелји, полуфотелји, двоседи и троседи, завеси и драпери, знамиња;

– чистење на две мали и една голема стаклена купола и поставување на знамиња;

– претапацирање на мебел со материјали по потекло од Италија и Турција.

Ако се спореди со претходните години (2020, 2021 и 2022 година) кога за иста услуга биле во просек наменети околу 500.000 денари на годишно ниво, тогаш очигледно е дека договорот склучен во 2023 година тежи повеќе од сите три претходни договори заедно. Се поставува прашањето зошто постои толку голема разлика во цената на услугите во 2023 година во однос на претходните години?

Дали јавните набавки се планираат согласно потребите и можностите или пак се манипулира со износите по желба на поединци?

Антикризните мерки, кои беа усвоени минатата година, главен акцент ставаат на намалување на помалку приоритетните расходи. Напротив, непродуктивните трошоци и луксузирање со народни пари наместо да биде намалено, тоа бележи рекорден пораст, особено во последната година.

Додека граѓаните се принудени сами да се снаоѓаат за да можат да ја преживеат економската криза, а законодавниот дом со леснотија ги троши парите на граѓаните. Сведоци сме како Владата на СДС и ДУИ калкулира со набавка на лекови за животно загрозени пациенти, под изговор дека нема средства, додека се трошат милионски суми за претапацирање мебел!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

03.05.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ