Колку вредат животите на гостиварчани во очите на Арбен Таравари?!
Разочарувачки се секојдневните изјави на нашиот градоначалник Арбен Таравари, дека одложувањето на пописот во време на пандемија е скандалозно и штета на Албанците во Република Македонија.
Земајќи предвид дека нашата општина е една од најпогодените од корона вирусот, возрасното население кое и најмногу страда од овој вирус е доминантно во нашата општина, медицинскиот кадар тешко се справува со ситуацијата, а многу гостиварчани секојдневно ја губат битката со вирусот.
Сепак нашиот градоначалник, кој впрочем по професија е доктор и поранешен министер за здравство смета дека одложувањето на пописот е скандалозно и штета за Албанците во Република Македонија.
Ова покажува дека тој, пред здравјето на граѓаните, одбира да собира политички поени, што пак е тотално неодговорно и нестручно размислување за еден доктор.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ГОСТИВАР
09, април 2021