Општина Карпош го бетонизира секое преостанато зелено парче

Левица Карпош Бетон

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Општина Карпош наместо да ја раззелени општината, продолжува со асфалтирање на секое преостанато зелено парче. Покрај интензивното распродавање на секоја преостаната слободна површина во општината и интензивните градежни активности последниве години, каде неконтролирано се гради низ малите улички во Козле, Тафталиџе, на улицата „Прашка“, по булеварот „8 Септември“, а наскоро и на Алумина, не остана ни една единствена зелена површина за рекреација.

Таков е случајот и со единственото зелено парче, кое остана покрај новата зграда на улицата „Теодосиј Гологанов“, а се наоѓа пред пожарната, кое веќе е претворено во асфалтна површина, најверојанто за потребите на самата зграда.

Ја повикуваме Општина Карпош, да даде образложение, зошто и покрај интензивното нагрдување и бетонизирање на општината со нови огромни блокови згради, без да остане ниту едно парче зелена површина, продолжува со градежната инвазија на штета на нејзините жители.

Дали општината воопшто предвидува зелен простор за тие луѓе кои ќе се населат тука? Каде тие жители ќе се рекреираат, ќе ги прошетаат своите деца, миленици? Дали општината планира да биде модерна општина или планира Карпош да се претвори во бетонска џунгла налик на некои други општини во Скопје?

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КАРПОШ
02 април, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ