Левица е ПРОТИВ оттуѓување на земјиштето кај стариот театар во Велес!

332119885_879753543296460_497310392006572173_n

Ниту барање со собрани потписи од локалните жители, ниту барање за суспензија на ДУП, долгите дискусии во советот од страна на советниците на Левица како и иницијативата за изградба на современ парк не успеа да го разубеди градоначалникот Колев да застане на правата страна, да покаже слух и разбирање за штетните одлуки кои ги носи.


Изградба на деветокатница на овој дел од градот ќе претставува урбанистичко просторен и сообраќаен колапс кој градоначалникот Колев заслепен од финансиски придобивки не е во можност да го увиди.


Иако предизборните ветувања на Колев беа во насока кон работење според интересите на граѓаните, сепак од градоначалничка позиција предност им дава на градежните олигарси, на кои единствен интерес им е финансиска заработка не водејќи сметка за неповратната штета која ќе ја предизвикаат кон граѓаните во трката за обезбедување на поголем приход.


Развојот на левата страна во градот не смее да биде во насока на бетонизација, урбанистичко гушење, непланско домување и предизвикување опасност по околните домови!


Советниците на Левица во Општина Велес се строго ПРОТИВ оваа одлука и ќе застанат на страна на граѓаните со поддршка за секоја активност која ќе значи спречување на намерите на градоначалникот на оваа локација да се изгради деветокатница.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
ЛОКАЛЕН ОГРАНОК ВЕЛЕС

19.02.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ