По барање на советничката група на Левица се обезбеди онлајн пренос на седниците на советот на општина Кисела Вода, но за жал локалната власт се обидува да ја заобиколи транспарентноста.
Третата седница иако беше пренесувана онлајн, наредниот ден снимката беше избришана од страната на општина Кисела Вода. Ние, како советничка група, реагиравме снимените седници во континуитет да се објавуваат на страната, за да бидат граѓаните соодветно информирани.
Ваквата досегашна пракса покажува дека силните ветувања пред камери за транспарентност од актуелната власт не го положија првичниот испит.
Оттука, нас како советници ни се наметнува прашањето:
– Дали актуелната општинска власт има намера да ја крои визијата за општина Кисела Вода тајно и нетранспарентно, без партиципација на граѓаните?
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КИСЕЛА ВОДА
02 февруари, 2022