Повторни отпуштања во Свети Николе – 180 текстилни работници оставени на улица

Левица Свети Николе

Поранешниот пратеник од СДСМ Ангел Димитров, актуелен претседател на Организацијата на работавачи, директор на светиниколската конфекција „Мода“ кој минатиот месец го прекина работниот однос на над 50 вработени, денес без работа останаа 180 работници.

На работниците кои работат години наназад во конфекцијата, не им било доделено решение за работен однос на неопределено работно време, а тие кои имале вакви договори им биле преиначени во договори на определено работно време. Оваа легислативна слабост, Димитров ја користи за да ги избегне своите обврски кои произлегуваат од овој договор, па така, кога ќе реши да ги отпушти работниците, едноставно нема да им го продолжи договорот.

Дополонително, претставува проблем тоа што се вршени разни притисоци врз вработените, па голем дел од нив прифатиле, односно сами си дале отказ, бидејќи на тој начин ќе добијат минимална неколкукратна помош.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО СВЕТИ НИКОЛЕ
14 јули, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ