Левица – Битола: Серија кражби во Битолската населба „Оризари”

Левица Битола

Жителите на оваа населба живеат во страв поради кражбите кои често се случуваат.

Во комуникација со овие жители, добивме информација дека повеќе од 20 кражби се извршени во последните две години, при што што се украдени големи парични суми, накит, алати, автомобили и др.
Покрај пријавите и теренските реакции од страна на МВР Битола кои се превземаат, се’ уште не е утврдено кои се сторителите, додека жителите се жалат дека не се чувствуваат безбеднo поради неажурното однесување на органите на прогонот.

Според информациите кои ги добивме, населението има силни сомнежи дека постои соработка од страна на службеници и оние кои ги извршуваат овие дејствија, со оглед на несанкционирањето на истите.

Низ годините, сведоци сме на драстично зголемување на бројот на полициски службеници, кои треба да бидат во служба на граѓаните и јавниот интерес, а не орган за репресија врз обичниот народ. Граѓаните секојдневно се жалат на неефикасноста на институциите, кои очигледно потфрлаат да го заштитат нивниот личен имот, што алудира на силно развиена корупција во државните органи кои треба да го гарантираат животот и домот на граѓаните.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БИТОЛА
31 мај, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ