Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

11-та седница на Советот на Општина Карпош: Советниците на Левица во Општина Карпош против трендот на бетонизација

Другари и другарки,

Ве известуваме дека на 11 – та седница на Советот на Општина Карпош која ќе се одржи во петок (01.07.2022 година), на дневен ред се ставени две точки по предлог на советничката група на Левица во Општина Карпош.

Првата и исклучително важна точка има за цел стопирање на трендот на бетонизација и се однесува на Предлог-Одлука за задолжување на Градоначалникот и општината за стопирање со издавање на градежни дозволи и забрана за започнување на градба се додека трае ревизијата на ДУП за градска четврт З 05, Општина Карпош. Со оваа точка практично ќе се спречи изградбата на 26 катницата.

Втора и не помалку важна точка се однесува на обележување на службените возила на Општина Карпош со видна ознака. На овој начин ќе се спречи злоупотреба на службените возила и ќе зголеми рационалноста во користењето на општинскиот возен парк.

Истовремено апелираме и до советниците на другите политички партии да гласаат позитивно за точките со што би докажале дека сите советници кои се избрани од граѓаните работат за интересите на истите.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – КАРПОШ

29.06.2022г.

Најнови објави