Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Сограѓани, патриоти, Македонци – протестите за одбрана на македонскиот идентитет продолжуваат секој ден во седум

Левица денес излегува веќе четврти ден на протести, борејќи се против негаторската европска и пробугарска политика кон македонскиот идентитет. Револтот од нивниот игнорантскиот однос кон македонскиот народ сѐ повеќе расте! Народот врие и тоа го покажа вчерашниот протест, со пробивање на оградата пред Владата, сѐ до самата порта на влезот. Народот сака да биде ислушан и послушан, бидејќи се работи за Македонија!

Денес од Владата изјавија дека „нема да брзаат со усвојување на документот“, бидејќи наводно консултациите сѐ уште траат и не се исцрпени – иако првичните информации беа дека денес (вторник) ќе биде усвоен од Владата. Ова успорување на текот на настаните е директен резултат на автентичниот народен Отпор на улиците, секојдневно изминативе денови. Но Отпорот мора да продолжи, не смее да го дозволиме обезличувањето на македонскиот идентитет и јазик!

Овие се нашите денови. Ова е товарот на нашата генерација. Ова е аманетот на нашите предци!

Дојдете и денес, дојдете заедно да го издржиме товарот кој Историјата одбрала ние да го носиме, а потоа гордо да се кренеме, да ја исправиме главата горе и порачаме: НИЕ ДРУГА ТАТКОВИНА НЕМАМЕ!

Драги сограѓани, Ние заедно ја пишуваме историјата. Дали ќе нѐ паметат како херои на нашето време или предавници кои ги предале коските на славните илинденци и асномци, од нас зависи! Нема повеќе оправдувања!

Во 19:00 часот повторно се гледаме пред Влада – па до Министерството на Бујар Османи!

05.07.2022г.

Најнови објави