Штипскиот совет не прифати намалување на паушалите на членовите на надзорни и управни одбори

258777513_3159996374230840_8441418872049210978_n

На последната седница на Советот на Општина Штип, од страна на советникот на Левица беше предложена иницијатива за намалување на најмалку 50% на месечниот износ на финансиски средства кои ги добиваат членовите на Управните и Надзорните одбори во двете Јавни претпријатија „Исар“ и „Стипион 2011“.

„Во време кога сметките за електрична енергија се превисоки, а пред нас е тешка и скапа зима, како советник во советот и претставник на политичката партија Левица, сметам дека е оправдано ние како советници да донесеме одлука за намалување на висината на месечниот паушал на членовите на Управните и Надзорните одбори во двете Јавни претпријатија, кој сега изнесува над 100.000 денари месечно“.

Со оглед на тоа што и двете Јавни претпријатија, своите Статути ги имаат усогласено согласно новиот Закон за Јавни претпријатија, сосема легитимно е Советот на Општината како основач на тие Јавни претпријатија, да донесе ваква одлука.

За жал, ваквата предложена иницијатива на Левица беше игнорирана од мнозинството советници во советот на Општина Штип, што е јасен показател дека старите навики на биполарниот партиски комфорт тешко се напуштаат и во време на тешка енергетска криза.

И покрај тоа, Левица и понатаму ќе настојува да најде начин за кратење на непотребните трошоци и да се спротистави на недомаќинско трошење на народните пари.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
14.11.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ