(Видео) Апасиев: Со кршење на процедурата се саботира Левица да поставува пратенички прашања

Dimitar Apasiev_Димитар Апасиев-Parlament_Парламент

„Покрај тоа што ние сме Парламент и парламентарна демократија којашто најретко има пратенички прашања, од 18 месеци, 12 систематски не свикувате пратенички прашања. Од друга страна, имате ситуации кога неправилно ги распределувате поставувањата на пратенички прашања.

Процедурално мое е тоа што Левица е секогаш систематски ставана подолу да поставува прашања, што дефакто ни оневозможувате да дојдеме на ред.

Писмените прашања заземаат пола од седницата и потоа редоследот кој вие го правите дозволува максимум пет пратеници да постават пратенички прашања. Тоа е систематско загушување на контролна и надзорна функција на Парламентот. Парламентот не е како што Вие го замислувате, само да штанца закони. Парламентот има суштинска контролна функција.

Еве и денес Левица е ставена осма. Откога сме во почеток на мандатот, Левица има само два пати усно поставувано пратенички прашања.

Велите дека пропорционално го делите составот, повикувајќи се на овој чл. 40, меѓутоа опозицијата не е само ВМРО-ДПМНЕ. Левица е посебен ентитет во опозицијата и како таква треба да биде третирана. Тоа значи дека првото место е за ВМРО-ДПМНЕ, второт место за Алијанса и трето секогаш и на секоја седница треба да биде за Левица, а не осмото и со тоа, систематски да бидеме оневозможени да поставуваме пратенички прашања.“

– Димитар Апасиев, пратеник и претседател на Левица, во своето процедурално обраќање на денешната седница во Собрание.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
28 април, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ