Овој закон е издејствуван под притисок на јавноста и конкретно под притисок на Левица, затоа што неколку дена пред овој закон да биде поднесен, Левица поднесе специјален закон за утврдување на максимални цени за болничко лекување за Ковид 19 – пациенти.
Значи, сведоци сме дека на последното пратеничко прашање, кое што јас лично му го упатив на премиерот, а се однесуваше токму на ова, истиот тој ме убедуваше дека нема потреба од ваков закон, бидејќи услугите и таму и ваму биле исти, за само една недела после тоа рапидно да го смени ставот. Меѓутоа тоа не ве вади од одговорност дека цела година како власт ја преспавте, дозволивте буквално луѓето да се заборчуваат кај лихво-банкарите, да даваат станови, куќи под хипотека, да продаваат автомобили само за да можат да се лекуваат, и да, за разлика од некои колеги кои спомнаа тука, јас сметам и тврдам како левичар и социјалист, дека здравјето е и те како политичко прашање, и дека за здравјето и те како ќе треба да се интервенира, не само сега, туку и во иднина, за да немаме ваква социјална неправда на секој чекор.
Зошто законот е палијативен? Затоа што е презадоцнет и затоа што се занимава со последиците, а не со причините.
Како професор по право, ќе се задржам на три правни аспекти со цел да ви го раскринкам законов, а четвртиот е политички.
Реков дека здравјето и те како е политичко прашање, и овој закон е социјално неправичен, пар ексаланс, бидејќи со овој закон сиромашните понатаму ќе умираат, богатите понатаму ќе се лечат.
Имено, со овој закон само го максимирате профитот на сопствениците на приватните болници, но со тоа не му помагате на народот. Оној кој немал до сега 12 000 евра, се подразбира дека ќе нема и 6 000 евра. Значи оној кој има, пак ќе има, затоа што него нема да му биде проблем, на богатиот, да плати и 12, нема да му биде проблем ни 6, меѓутоа оној кој живее со 40 денари на ден, а тоа се над 80 000 граѓани, или оние кои живеат со 2 евра на ден, тоа се пола милион од два милиона луѓе, на тие луѓе не им значи ништо овој закон. И за тие луѓе Левица предлагаше да има квота од 50 кревети за сиромашните во секоја приватна болница, ако се 2 или 3, тоа се 100-150 кревети во секој момент, меѓутоа овој закон тоа не го предвидува.“