(Видео) Скопје пред катастрофа поради криминалните партии СДС – ДУИ – ДПМНЕ

Amart_Mecinovikj_Levica_Grad_Skopje

Обраќање на советникот на Левица, Амар Мециновиќ на вонредната седница на Град Скопје.

,,Левица бара итно решавање на состојбата со ЈСП во интерес на работниците и граѓаните, која политичарите на СДС, ДУИ и ДПМНЕ ја предизвикуваат.

Скопје оди кон социјална катастрофа!

Причинителите се од централната власт на СДС и ДУИ и локалните власти на ДПМНЕ, кои не можат да се поистоветат со голготата на работниците и Скопјани.

Инситуциите се во служба на партиите, не на народот, и затоа работите се растроени!

Јавниот сектор им служи за вработување на партиски војски и да ги испумпуваат државните пари и сега се спремаат за нови избори.

Владата треба да поднесе ОСТАВКА, бидејќи е главен причинител на многу општествени проблеми и не можеме да очекуваме решение од нив.

Додека општините кои имаат обврски за подмирување кон ЈСП, од нашите советници нема да имаат поддршка за меѓуопштинска соработка додека не ги подмират обврските.

Со СДС, ДУИ и ДПМНЕ ќе имаме само проблеми и импровизирани решенија, додека работниците ќе бидат извисени.

Сепак, сега граѓаните имаат Партија на трудот како Левица која може долгорочно да стави крај на овие заврзлами.”

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ГРАД СКОПЈЕ
19.10.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ