Во вчерашното гостување на емисијата „Само Вистина”, пратеникот Борислав Крмов обелодени информации, според кои, изминатиот период Државниот завод за статистика лицата не се евидентирани со пописот ги внесува како попишани. Крмов потенцира дека се работи за бројка од околу 80.000 лица, кои ги има во базата на МВР, но не се евидентирани на пописот.
Тој повторно истакна дека само со бројка од 5.000 непопишани лица, пописот не може да се смета за успешен и затоа овој попис е нелегитимен.
„И пописот, и двојазичните униформи, и Бугарскиот договор и Преспанскиот договор, а и Охридскиот договор, сите тие се дел од постепеното губење на сувереноста и државноста на Република Македонија.
Сѐ што бараше ДУИ на претходниот попис, што беше нелегално по сите правила и прописи, сега беше дел од законот. Апостол Симовски е најодговорен за оваа ситуација и ние неколку пати кажавме дека ќе дојдеме по тие луѓе коишто учествуваат во растурање на државноста на Република Македонија.”
– Дел од гостувањето на пратеникот Борислав Крмов во емисијата „Само Вистина”.