Апасиев и Крмов на отворањето на македонскиот клуб во Бугарија

311812261_691570812325986_5626332529824677850_n

На отворање на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“, беше присутна официјална делегација на Левица, предводена од претседателот Димитар Апасиев и пратеникот Борислав Крмов, како и членот на Президиумот, Реџеп Исмаил – Хактан и Александар Симонов, координатор на Програмскиот сектор за надворешна политика.

Претседателот Апасиев, во своето официјално обраќање до присутните во Благоевград, ја истакна храброста на Македонците во Пиринска Македонија, кои преку отворањето на Клубот „Никола Вапцаров“ ја потенцираат разликата помеѓу фашистичките клубови коишто се отвораат во Македонија, земајќи предвид, дека ова е име на антифашист и комунист и од тој идеолошки аспект Левица дава целосна поддршка на ваквите клубови.

311685986 691570832325984 6791204956310611908 n

Делегацијата, заедно со организаторите и присутните поддржувачи, во текот на обиколката на градот, положија цвеќе на споменикот на Димитар Благоев — македонски политичар од Бугарија, родум од Костурско (Егејска Македонија), чиешто име е овековечено во името на градот Благоевград, а се поклонија и пред спомен обележјето на семејството на македонскиот војвода Гоце Делчев.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

30.10.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ