Левица ја фрли ракавицата на буржоаските партии – проф. Ванковска кандидат за претседател

421951398_964070525076012_5821741793377370357_n

Левица им фрла ракавица во лице на буржоарските партии и влегува #ВоБорба на претседателските избори! Во овој историски час, за кандидат за претседател ја предлагаме Билјана ВАНКОВСКА, еминентен левичар кој цела своја професионална кариера е во одбрана на македонската државотворност.

Во борбата за Македонија влегуваме против доминацијата на тројниот пакт СДС, ДПМНЕ и ДУИ, кој континуирано ја разнебитува државата! Во епоха кога македонскиот народ и држава се под силен удар на странските шовинизми и империјалистички политики, се исправуваме пред предизвикот во кој македонскиот народ мора да излезе како ПОБЕДНИК.

421942319 964070635076001 5149218793722083700 n

Народот не смее одново да си дозволи Претседател кој ќе биде марионета на странските амбасади и вазал на туѓите државни интереси. Одлучно застануваме против секоја неправда и нема дозволиме никој повеќе да нѐ угнетува! На Македонија ѝ е потребен ДРЖАВНИК кој поседува храброст, умешност и знаење да се справи со предизвиците кои ги наметнува новото време.

424614396 964070705075994 9086350078794580974 n

Време е храбро да се заложиме за себеси како народ, активно да се вклучиме во борбата против безалтернативниот трипартизам и дадеме поддршка на единствениот кандидат за Претседател, кој може да се справи со безбедносните предизвиците и правилно да се позиционира во мултиполарниот свет.

424596719 964070438409354 2519697562598384422 n

Нашата единствена цел е Македонија да им ја земеме на елитите, како што тие ни ја земаа нам – и да ја вратиме таму каде што припаѓа, во рацете на народот!

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ