(Видео) Црвените знамиња да се веат во Титов Велес!

UqQOtCLFtzI_maxresdefault

Од каде тргнуваме ?
Кога веќе господарите на мракот жмигаат со лажна светлина од Охрид или од Центарот на Скопје, за да произведат нови генерации пеперутки со изгорени крила…
Ние, почнуваме од секој куќен праг..
Каде во меѓупросторот на вратата, инкасантите ги оставаат сметките за струја што се потешко ги плаќаме !
Ете оттаму почнуваме,
Од куќниот праг од кој со солзи ги испраќаме чедата на гурбет, само затоа што нивните места ги узурпирале оние што ни по знаење ни по образоцание не им се ни до колена
Ете оттаму почнуваме !
Од куќниот праг, во чија внатрешност зјаат празните фрижидери, бидејќи и храната стана луксуз.

Од куќниот праг, каде безобразно тропаат извршителите за да ви наплатат стоструко повеќе. Оттаму почнуваме.
Од куќниот праг до кој се помалку ви доаѓаат гости бидејќи немате со што да ги пречекате.
Од куќниот праг, каде што скалите се прескокнуваат на два чекори, за никој да не го види ќесето со четвртина леб и ништо за на работа.
Од куќниот праг пред кој насила треба да се срамите затоа што сте работник.
Од онаму каде неработниците им се потсмеваат на работниците
И од онаму каде што одамна живее неправда и наведнати глави !
Ете од таму почнуваме !
За да се собереме !
За да видиме колку сме !
За да ги истераме – ко црв од јаболко !
Оние што ни ги украдоа животите !

И никогаш повеќе да не се запатат!
Оние што ни плукаат во попарата
Оние што ни ја украдоа правдата
Оние што ни ги истераа децата

Затоа што за живот не се моли, животот се зема !
Во сопствени раце !
Ние сме Левица !
Знамето на слободата го креваме во Велес на 18 април 2024 година !
Тргнуваме за да не застанеме !
Додека не биде подобро за СИТЕ !

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ