Советниците од СДСМ помогнати со активната пасивност на советниците од ДПМНЕ, за неполни три години успеаја да го зголемат долгот на општината Ѓорче Петров за 130%. Долгот од 750 илјади евра во третиот квартал на 2018 година достигна вреднот од 1,7 милиони евра во првиот квартал на 2021 година.
Со ова темпо на задолжување и будењето од тригодишниот сон обидувајќи се да освои уште еден мандат во интерес на личните бенефиции – реално е да се очекува дека до крајот на мандатот на градоначалникот Александар Наумоски, долгот на општината Ѓорче Петров ќе достигне 3 000 000 евра.
Нетранспарентноста и отсуството на промени т.е. надоврзувањето на сликата на запустено Ѓорче Петров, оправдано го буди прашањето – за што е исцедена општинската каса?!
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
03 јуни, 2021