Додека држаниот врв во Република Македонија е опседнат со адреналински тури и забави, државниот здравствен систем на самиот почеток од месец април е во „клиничка смрт”, кадешто е нарушен пристапот до здравствени услуги и интервенции за обичниот граѓанин.
До здравствениот сектор на Левица, од фамилија на пациент кој е позитивен на Ковид-19, пристигна фотографија со упатство за лекување во кое пишува дека кај пациент е направена крвна анализа и во крвната плазма има Ц-реактивен протеин 142 (вредност која се смета за високо предиктивна како одговор за воспаление поради бактериски инфекции). Повисоките вредности од нормалното ниво на Д-димери, значат дека кај пациентот има нарушување на коагулацијата на крвта и има можност за создавање тромбови. На пациентот, препорачана му е хоспитализација, но заради немање слободни места во Ковид центрите, на фамилијата им е објаснета ситуацијата и е даден совет да појдат наредниот ден и да пробаат да најдат слободно место за прием.
9 април, 2021