Во изборната програма за градоначалник за општина Тетово, сега веќе зелената Теута на ДУИ, ветуваше подобрување на елементарните неопходни услови за една урбана средина во која ги фаворизираше меѓу другото и следните економски активности:
– снабдување со вода за пиење
– изготвување на техничка документација и тендеризација на системот за
управување со отпадни води
– локално и регионално решение за управување со отпад
– подобрување на патната инфраструктура
– подобрување на процесите на урбано планирање
– реорганизација на образовните програми во средните училишта
Во нејзините 8 години како градоначалник на општина Тетово, ниту малку не ги подобри елементарните неопходи за граѓаните.
Веројатноста на граѓаните на Тетово дека повторно ќе им си ветуваат истите “нови проекти”, е голема, како што е големо и искуството дека нема никогаш тие да се исполнат.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ТЕТОВО
11 август, 2021