Неспособноста на власта генерира сцени од дивиот запад

левица кочани

Ноќта меѓу 11 и 12 април во Кочани ескалираа социјалната неправда и неажурноста на надлежните при вршење на нивната дејност, односно дојде до пресметка меѓу граѓани во населбите Трајаново трло и Усова чешма, при што има и хоспитализирани повредени. Се случи она што можеше да се насети уште откако граѓаните кои живеат во овој дел од Кочани во повеќе наврати се собираа и протестираа на таков начин, обидувајќи се да ги принудат надлежните да ја вршат работата за која што се платени.

Имено, со порастот на економската криза и растот на сиромаштијата поради загубата на над 60.000 работни места во државата, еден слој од населението кој и без тоа живее на маргините од општеството, се најде во состојба на безизлез по што дојде до зачестен број на кражби. Надлежните, иако алармирани за состојбата, не презедоа никакви дејства истата да се надмине. Револтот на граѓаните во чии домови секојдневно се случуваат упади и кражби се излеал врз момче кое било фатено при кражба. Натаму, роднините и блиските на момчето извршиле напад врз населбата, при што има и повредени.

Трагични се обидите на инцидентот да му се даде предзнак на етничка нетрпеливост затоа што по векови соживот, појавата на таква нетрпеливост единствено е резултат на долгогодишните погрешни политики, каде токму на таква основа се капареле и пазареле гласови!

Дали Македонија се претвора во Див Запад, каде секој од граѓаните ќе си ја преземе правдата во свои раце, да сече и мери како му фаќа око и колку му држат раце?
Што друго работи полицијата, освен транспорт на дрога, ловење путер и обезбедување моторџиски маршрути!?

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КОЧАНИ
12 април, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ