Стратешкиот план на МНР не вклучува заштита на националните интереси

ЦРВЕНИТЕ ЛИНИИ ЗА ЗАШТИТА НА ИДЕНТИТЕТОТ (2)

Стратешкиот план на Министерството за надворешни работи за периодот 2023-2025 година ги става во втор план виталните и национални интереси на државата, целосно e западноцентристичи и настроен во насока на послушно следење и задоволување на интересите на НАТО и ЕУ!

Во стратегијата на МНР, добрососедските односи се ставени како прв приоритет, но истовремено никаде не се наведени државните позиции и црвените линии кои Министерството ќе ги застапува или брани. Дополнително, Министерството предводено од Османи не предвидува никаква активност за заштита на правата на Македонците во Бугарија, ниту пак градење не некаква релација која ги штити интересите на Македонците во било која од соседните земји.

Забрзување на интеграцијата во ЕУ е вториот приоритет на стратешкиот план, каде за жал, јасно се гледаат намерите на Владата да продолжи со исполнувањето на „Софиската платформа“ и се надева на напредок во интеграцискиот процес по основ на ново национално предавство, а не поради внатрешни реформи и исполнување на одредени критериуми на Унијата.

Од приоритетите и целите определени во оваа Стратегија, евидентна е и спремноста на Министерството да продолжи со ВАЗАЛСКИОТ однос како кон „стратешките партнери“, така и кон неразумната политика која ја водат нашите соседи кон нас. Истовремено, стратегијата која во ниту еден момент не ги штити македонските национални интереси предвидува „цврста поддршка за Украина“.

Левица смета дека е неопходна промена во надворешно-политичката траекторија по која се движи Македонија! Потребна е целосна РЕВИЗИЈА на стратешките цели и начинот на кои се остваруваат, како и надворешнополитичка стратегија чиј стожер ќе биде народниот и државен интерес.

Во име на интеграциските процеси, „добрососедството“ не смее да биде причина за поданички поставена надворешно-политичка стратегија, која преку дипломатските активности, државата ја турка во ново национално ПРЕДАСТВО.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
29.07.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ