(Видео) Левица – Битола: Битола, Венеција на Балканот

Левица Битола Венеција

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Денес бевме сведоци за негрижата на ЈП Нискоградба за канализацијата и целосниот хаос после дождовите кои ја зафатија Битолската околина. Иако нашата градоначалничка се пофали со шаховски маси, нејзините проекти денес извираа од шахтите кои ги преплавуваа улиците со фекалии.

Додека мајката на градот се фали со популистички проекти, вистинските проекти за вистинските проблеми не се тема на оваа власт. Нејзините зборови се одлика на партијата во која членува, манипулира со народот и измислува лажни проекти.

Партизанска, Раскрсницата кај Тријангл, Солунска, Васко Карангелески и уште многу улици беа преплавени. Покрај тешкотиите да се движиш низ тие улици, беше нанесена штета на неколку домови, локали, продавници. Кој ќе одговара за нанесената штета и кој ќе ја покрие истата?

Денес низ градот во неколку населби нема вода поради пукнати цевки и дефекти од поплавата. Дожд од половина час ја поплави Битола.

Ова е црвената граница преку која не смее да поминеме, време е за темелно реконструирање на градот!
Доста е, промена не замена!

 

 

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БИТОЛА
10 јуни, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ