Градоначалникот нема капацитет за соработка со советничките групи со што се изгласа неодржлив ребаланс на буџет.
Дури и неговите советници гласаа за ребалансот освен Левица!
За нас како советничка група не беше легитимен стариот ребаланс на буџет, ниту пак ќе биде новиот, поради нетранспарентното работење на локалната самоуправа која во скоро 2 годишен мандат ги задолжи претпријатијата со милионски долгови.
На последната седница се формираа работни тела од сите советнички групи за компонирање на нов ребаланс, ниту еден советник не беше вклучен во реализацијата на новиот ребаланс со тоа што повторно е извршена манипулација кон советниците, а и кон граѓаните, односно работните тела воопшто не профункционираа за сега повторно да имаме на маса ребаланс изработен како што им било традиција од 2 до 3 особи по нивни терк!
Градоначалникот постојано кажува дека ќе повика координативен состанок за усогласување на ставовите за новиот ребаланс, односно треба да се усогласиме за истиот тој манипулативен ребаланс.
Од тука не гледаме потреба за што би дискутирале кога веќе се движиме во ист правец по различен пат.
Доколку локалната самоуправа беше транспарентна, ќе започнеа со работа формираните работни тела и ребалансот ќе беше отворен за предлози на граѓаните.
Како советници, не гледаме никаква промена, освен вметнатите амандмани во новиот ребаланс на СДСМ како локален коалиционен партнер на ДПМНЕ!
Од тука произлегува сомнеж доколку се вметнат штетните ребаланси на дневен ред, да бидат изгласани со поддршка на широката коалиција која долги години го влече на дно овој град!
Клучен фактор има и Претседателката на советот дали ќе го стави на дневен ред новиот ребаланс кога веќе стариот го изгласаа сите советнички групи освен Левица.
Дали повторно ДПМНЕ ќе ја врати довербата кај нивниот претходен коалиционен партнер Поинаку или замената е СДСМ!?
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
ЛО БИТОЛА
17.08.2023