Левица не е трета, туку единствена опција за Македонија и македонскиот народ

По повод 79 годишнината од ослободување на Ѓорче Петров, локалниот огранок на Левица традиционално организира отворен состанок со жителите на нашата општина со цел размена на идеи и предлози што се од општ интерес за развојот на општина Ѓорче Петров.

Покрај советниците и членовите на огранокот, присутните имаа можност да се сретнат и со пратеникот Борислав Крмов, генералниот секретар Јована Мојсоска, портпаролот Амар Мециновиќ како и Весна Кираџиева раководител на АФЖ – Левица.

Во време кога двете најголеми партии ја делат власта на централно и локално ниво. Македонскиот народ ја препознава Левица не како трета туку единствена опција во Република Македонија.

Доказ за тоа е големиот интерес и одличната посетеност од страна на жителите на општина Ѓорче Петров.

15.11.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ