Левица Карпош поднесе предлог за укинување на детален урбанистички план

левица карпош

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Советниците на Левица во Општина Карпош поднесоа предлог одлука за укинување на деталниот урбанистички план за Градска четврт 3 06, Блок 3 06.09. Се работи за четвртот кај СГГУГС „Здравко Цветковски“ кој беше донесен на 60. седница на Советот на Општина Карпош одржана на 30 август годинава.

Во овој ДУП, меѓудругото, зацртана е висококатница со висина од 32 метри со што ќе се уништи речиси целото зеленило кај Заводот за урбанизам и архитектура и Институтот за социолошки и правни истражувања, односно на аголот кај Бул. „Партизански одреди“ и Бул. „8 Септември“.

Изгласувањето на овој ДУП беше проследен со голема нетранспарентност. Седницата во јавноста беше обелоденета на само два часа пред почетокот на истата со што не беше оставен простор јавноста да присуствува на истата. Исто така, овој ДУП беше изгласан на седница која се одржа на само неколку недели пред почетокот на кампањата за локалните избори, што исто така фрла сомнеж за вистинските намери на истиот.

„Како член на советот на Општина Карпош, а застапувајќи ги интересите на жителите, сметам дека носењето на овој ДУП во голема мера ги повредува интересите не само на жителите на Општина Карпош туку и на Град Скопје. Жителите на околните станбени згради едногласно беа против овој ДУП односно зградите, волја што треба(ше) да биде инкорпорирана во планирањето на просторот“ кажа Мартин Димоски, советник на Левица во Општина Карпош и член на комисијата за урбанистичко планирање.

Очекуваме оваа предлог одлука да биде ставена на дневен ред уште на следната седница на советот на Општина Карпош. Во наредните денови Левица ќе поднесе предлог одлуки за укинување и на други детални урбанистички планови.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КАРПОШ
27 ноември, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ