(Видео) Советот на Кисела вода против проект за престој за деца со посебни потреби

Левица Кисела Вода

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Советниците на Левица поднесоа амандман за отворање на дневен престој за деца со посебни потреби. Со реализацијата на овој проект ќе се создадат услови за интеракција и анимација на децата со посебни потреби.

Целта е да им се помогне и на родителите кои имаат ваков член во своето семејство и да имаат можност каде да го остават своето дете за да можат да се посветат на секојдневните обврски, а дополнително би се создале услови едниот од двата родитела да може да работи со скратено време, со што би им се зголемил семејниот буџет.

Овој амандман е финансиски обезбеден од програмата и подпрограмата на буџетот за 2022 година, со што не би се создала никаква негативна импликација кон другите планирани проекти.

Но, со оглед дека мнозинството во советот, односно советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не покажаа слух за ваква иницијатива и истите гласаа против, а советниците од СДСМ без воздржани, амандманот за жал не помина.

 

 

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – КИСЕЛА ВОДА
22 јануари, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ